|
|
|

|
|
Добродојдовте во
електронскиот свет на
демократијата! За тој свет да не
биде само електронски и виртуелен
и ескапистички и вечно едукативен -
богами ќе треба да поработиме
малку пошироко и подлабоко, секој
на својот дел од просторот/почвата...
Ние малку закопкавме, овде...
Има десет едукативни и забавни
тетратки, има збирка цитати
за демократијата, има архива,
форум, информации
за проектот...
Демократија за мрежните
автостради, но демократија и за
калдрми и за нашите раскопани
улици! Знаењето да не биде
затворено и привилегија само за
прикопчаните! Затоа, сајберијанци,
внимателно со ресурсите.
Од овде - нек капе и наоколу!
|
Седумте
клучни зборови за демократија [на 7
јазици] 
Настани
и случувања
Што
е целта
на "Школа за демократија"
Фото
галерија од спроведените обуки
Графички
елементи на кампањата (лого, постер,
лифлет...)
|

 |
|
|
Живеењето
во заедница (семејство, соседство,
работна организација, нација,
држава) подразбира донесување
одлуки во името на целата заедница.
Овие одлуки се колективни, за
разлика од индивидуалните
одлуки, што луѓето ги носат само во
свое име.  |
|

|
|
Нашиот
проект сака да го зајакнува и
создава индивидуалното и
колективното активно демократско
однесување.
Преку едукација и тренинг за
демократија, ќе ги издигнуваме
свесноста, знаењето и разбирањето
на невладините организации и
граѓаните во локалните заедници.  |
 |
|
Не
само заради транзиционите
проблеми кои траат веќе десетина
години, и не само заради
економската криза која ја
придружува делумно хаотичната
транзиција, и не само заради
вооружениот конфликт што ни се
случи во 2001 година - прашањето на
демократијата во Македонија има
исклучителна важност.  |
|

|
|
Тргнуваме
од потребата да се обноват
начелата што ја обединуваат
заедницата. Но, едновремено
инсистираме на создавањето на нови
интегративни начела. Токму
демократијата ја сфаќаме како еден
од клучните обединувачки
општествени принципи.  |
|
|
|
|
|
|
Оранизација
и финансирање на проектот: IDSCS,
ФИООМ и DFID.
|
|
|
|
|
|
|