Дома | Информатор | Настани | Форум | Линкови









10 тетратки за демократија

Информатор

Настани

10 тетратки за демократија

Вклучени лица

НВО Партнери

Календар

Форум

Архива на текстови

Временска линија

Цитати

Мапа на региони

Линкови
 


































































































Дизајн и концепт: 
Кома лаб.

Перспективи на демократијата

Иднината на демократизацијата

Вовед
Шпекулацијата за иднината на демократските држави можат да послужат како оправдување на денешните состојби. Тие можат да укажат на патеката во морето на можности кое и претстои во натамошниот развој на историјата. Истовремено тие чинат еден вид ограда за која човекот може да се држи кога иднината ќе стигне (...).

Alexis de Tocqueville
Првото мерило на новото време за шпекулативна расправа со, како големата така и компликуваната идеја, ја дал во 19от век Alexis de Tocqueville. Неговото дело за демократиите во Америка било повеќе од анализа на Новиот свет, која на конзервативните Европјани делувала фасцинантно, а ја прифатиле со скепса во
триесетите години на 19от век по неговото патување во Америка. De Tocqueville верувал дека во Америка ја видел сликата на вистинската демократија, која во следниот период ќе се развие и во европските држави. Тој однапред ги видел вековите на демократијата, како и многу амбиваленси, кои навистина требало да станат стварност. De Tocqueville не ја опишал суштината на демократијата од структурите на уставниот поредок, или процедурите во политичките институции, туку од својата антрополошка премиса. Сликата која човекот ја има за самиот себе е конститутивна основа на демократското време. Човекот во оваа епоха страсно се стреми кон слободата, и се обидува да изнајде признание за себе во еднаквоста со другите. Навиките кои во антиката биле опишани како "mores" го чинат духот на демократијата. Духот на демократијата е онолку добар или лош колку се добри или лоши навиките на граѓаните наспроти демократските принципи. Таму каде што секој се чувствува слободен, би можел во оваа слобода да започне да се чуствува и ексклузивно. Тука мора да делува механизмот на приватната сопственост и сопственоста на поединецот и демократскиот народ. Недоверието расне помеѓу луѓето и има тенденција да стане јавно мислење или она што го нарекуваме јавно мислење да биде под влијание на тоа недоверие. Така притисокот на конформитетот се повеќе го одзема просторот на идеалот за слободно човештво. Од потребата за слобода се создала неопходност за ставање под законите за еднаквост со "големиот притисок на јавното мнение на поединечниот дух".

Смислата на граѓанските вредности и смислата за политички институции за задачи исчезнала, истовремено се зголемила "желбата за подобар живот" која се повеќе водела до појавата на статусни симболи. Додека поранешните уредувања знаеле само за егоизмот во демократијата се појавува индивидуализмот (...).

Луѓето, сè на сè, не биле поегоистични отколку порано. Но, делувањето на демократскиот менталитет делувало и го заострило прилагодувањето на условите и изразните форми. Општеството се повеќе се движело, а правело се помалку чекори напред. Поимот на честа на републиканската граѓанска вредност исчезнал во името на индивидуалистичкиот стремеж кон среќата.

Од ретроспективата на 20от век може да се види кои се политички опасности ги предвидел de Toqueville: диктатурата на новиот тип која тој заради недостаток на поим ја опишал како деспотизам, а денес прецизно може да се именува како тоталитаризам. Темпераментноста на искоренетата индивидуализирана маса на општеството за диктатурата на вистината, која може да се промени во контрола на мислењето со помош на механизмот на колективната присила, што денес ни е многу познато и би требало тоа негативно искуство да го доживеале и да го помнат многу луѓе од 20от век.

Џејмс Бројс
Три генерации по de Toqueville, и веќе под влијание на Првата светска војна, Џејмс Бројс го земал перото да пишува за иднината на демократијата која се рефлектирала од проценката на друг политички и стопански живот. Американскиот претседател Вилсон сакал поствоеното време да го направи "сигурно за демократија". По крајот на повеќегодишното патување на оружјето, монархистичките империи на Германија, Австроунгарија, Русија и Османлиското царство се урнале. Се чинело дека демократијата оди кон голема низа на победи. Во оваа ситуација Бројс пишувал за своето население објаснувајќи ја положбата на демократските уставни држави и иднината на демократијата (...). Бројс бил окупиран со илузијата на сите денешни модерни идеи за демократијата на партиципација. Принципот за суверенитет на народот, тој го пренел на англиската претстава за репрезентација и контрола на власта, но не и на непосредното обликување на политиката на една заедница. Меѓутоа, знаел да се држи на дистанца од илузиите дека постои и дека е можна чиста демократија: "Демократијата или не е власт преку народот, или е власт за народот". Народот ја одредува целта на владеењето, а тоа е благосостојба на целото општество, а не само на одредени делови на општеството. Народот ги препушта средствата на своите сограѓани кои се волни да го водат кон постигнување на оваа цел. Тој ги набљудува овие одбрани граѓани за да биде сигурен, дека тие на кои им го доверил авторитетот нема да го злоуптребат тој авторитет". Бројс како и de Tocqueville укажува на решавачкото значење на слободниот печат и слобода на мислењето. Емпиричарот на демократијата се надевал на успешност на контролните сили на медиумите.

Демократија на медиумите
Одамна медиумите станале етаблирана моќ во демократско-уставните држави, а чест е и случајот таа нивна улога да биде тематизирана и во самиот Устав. Тие, не само што ја контролираат политиката како глас на народот, туку и влијаат на дневно-политичките теми и земаат учество во изградбата на политичкото мислење, кое води кон политички одлуки. Така што во 20от век се поставува прашање-за кое de Tocqueville и Бројс не биле свесни-кој ги контролира контролорите, што значи прашање за уставно- правната и уставно-политичката положба на медиумите, нивните права и обврски, нивната задача и одговорност. Тематиката на медиумите станува централна проблематика на денешната демократија; таа се однесува, на пр. на внатрешниот Ethos на медиумите, но и на ефектите на медиумите во однос на курсот на политичките дискусии и способност на делување на политичките институции под медијално исценираниот притисок на времето.

Во поглед на значењето на слободните медиуми при посредување и зајакнување на демократските процеси од 1989 година, на медиумите на многу места им е одземен респектот. Револуционерна година на оваа епоха, 1989, била и година на медиумите, пред се електронски. Овие искуства не ја покриваат распространетата и често дифузна критика на медиумите, нивната улога и моќ во западните уставни држави, која во втората половина на 20от век нагло се проширила на радиото, а потоа и на телевизијата (...).

Иднината на демократизацијата
Со тоа доаѓаме до прашањето за иднината на демократизацијата. Нејзината референцијална точка е од една страна состојбите и врските во егзистирачките западни демократии, а од друга страна надежите и стравовите дека ќе дојде до кршење на законот и револуција на слободата како што бил случајот 1989 година во оние земји во кои слободата била со децении потискувана од тоталитарните режими. Дали тоталитаризмот кој своето политичко лице го покажал во многу левичарски и десничарски варијанти во текот на 20от век, кој делувал така долго и така долго се вовлекувал во скоро сите пори на општеството, дали тој тоталитаризам е засекогаш заменет со секогаш менливиот и универзално признат демократски конценс? Во поглед на различните пост-тоталитарни земји, неколку години по 1989та година сеуште се појавува сомнение. Но, и во светот на старите западни демократии се помалку е јасно како се приближуваме кон крајот на 20от век (во време на тоталитарните режими таа слика била многу појасна) што тоа демократијата всушност ја држи и како таа може да се бори со своите внатрешни дефицити за да биде способна за иднината.

Во некој поглед, надворешно навистина стабилните демократии на западот се зафатени со оној феномен и оној менталитет кој de Tocqueville ги опишал како неизбежен. А немал ли право и Џејмс Бројс со прогнозата, дека на демократијата и недостасува "духовен елемент", од кој некои појави живеат, ако се повеќе и повеќе граѓани се повлечат од учеството во политичкиот живот, а на политичарите кои се тоа по професија им се препушти областа Res Publica-нема ли тогаш навистина да недостасуваат духовните елементи и нема ли демократијата да се сведе на вербално незадоволство на владеачите заради неучество на граѓаните во политичките одлуки?

Од денот на постоењето на античките теории за демократија две прашања се основни за било какво гледање на иднината на демократијата и тие две прашања се сеуште исти во променливиот временски и стручен контекст:

Подлегнува ли демократијата-и ако е така, тогаш како?-на циклични промени? Значи, Дали е таа израз на растечките политички и општествени линии, дали таа заради внатрешната исцрпеност се преобразила содржински и формално, па така го сменила својот карактер, за да не можеме да ја означуваме "демократијата", кога на пр. таа би морала да го отстапи местото на други, сигурно пред олигархиските концепции за организација на политиката и власта?

[Превземено од: Ludger Kühnhardt, Иднина на демократизацијата]
Превод и избор: Кома лаб.