Дома | Информатор | Настани | Форум | Линкови









10 тетратки за демократија

Информатор

Настани

10 тетратки за демократија

Вклучени лица

НВО Партнери

Календар

Форум

Архива на текстови

Временска линија

Цитати

Мапа на региони

Линкови
 




















































































































































Дизајн и концепт: 
Кома лаб.

Клучни поими за демократијата

Толкување на поимите според "Концизниот оксфордки речник за политиката" од Иан Маклин (на македонски јазик овој речник го издаде "МИ-АН", Скопје) © Oxford University Press


слобода
плурализам
правда
еднаквост
одговорност
јавен интерес

слобода
Отсуство на пречка. За жал, и како одраз на важноста што им се придава на идеите за слобода, скоро секој аспект на нејзина карактеризација е контроверзен. Жералд Мекколум сметаше дека сите изјави за слободата може да бидат искажани во иста форма - А е слободна од В за р (р стои за кој било глагол што означува акција) - и дека сите разговори за слободата се разговори за сите вклучени термини што се однесуваат на вршителот на дејствието, пречката и акцијата или состојбата што треба да се постигне. Ова може да помогне во предвидување на несогласувања, и обезбедува формална рамка во која може да се вклучат различни концепции, но не обезбедува самостојно објаснување. Постои еден концепт на слободата (во формална смисла), но многу концепции (односно, голем број самостојни начини да се проследи формулата). Сер Исаја Берлин, во едно свое познато предавање, предложи да се разликуваат две објаснувања на слободата: негативна слобода, што се фокусира на отсуството на мешање од страна на други, и позитивна слобода, што се фокусира на капацитетот на вршителот на дејствието за р. Берлин особено ја истакнуваше врската меѓу позитивната концепција и подготвеноста да се прифати интраперсонална концепција за слободата, бидејќи се сомневаше во идејата за личност во која лежат такви интраперсонални концепции - се чини дека тие се потпираат на повисоки и пониски сфери на личноста, или на некоја слична дихотомија. Три проблеми ќе илустрираат како може да постојат независни, различни концепции на слобода. Прво, се прават напори да се направи разлика меѓу слобода и способност. Во повеќето општествени контексти, станува збор за мешање или пречки што ги предизвикуваат други луѓе, што наведува на дистинкција меѓу способноста на една личност да направи нешто и неговата или нејзината слобода тоа да го направи. Така, слободен сум да летам како птица (никој во тоа не ми се меша, ниту ме спречува), но не можам тоа да го направам; од друга страна, можам да направам многу работи кои во легална смисла не сум слободен да ги направам. Ако случајно си го скршам зглобот, не ќе можам да пишувам; ако ми ставите лисици тогаш не сум слободен да пишувам. Но, во последниве два примера, разликата меѓу способноста и слободата изгледа помалку јасна, отколку во првите два, бидејќи во двата случаја непосредно релевантната пречка е физичка. Најдиректниот опис на случајот со лисиците е дека не сум слободен да пишувам затоа што ти си ми оневозможил, што укажува на тоа дека способноста е услов за слобода. Меѓутоа, ако способноста е услов за слобода, тогаш не можам и не сум слободен да летам како птица. Очигледно, и вршителот на дејството, но и други лица, можат да влијаат врз физичката способност, и тоа на различни начини: лисиците се привремена пречка, но некои услови, што придонесуваат до онеспособување нешто да се направи, можат да бидат трајни; и субјектот и другите можат да влијаат врз способноста на поединецот - и случајно и намерно. (Да претпоставиме дека намерно сум го скршил зголбот: дали односот меѓу мојата способност да пишувам и мојата слобода сега е ист како кога некој друг ми ставил лисици?). Во концепцијата на слободата на Хилел Стајнер, еден човек не е слободен ако и само ако неговото дејствување го спречи некој друг. Така, една личност е неслободна за р заради некој друг -концепција што ја прави слободата да зависи од способноста но само во интерперсонални сучаи.

Втората голема тешкотија се појавува од споредбата меѓу случаи на односи меѓу луѓето и на конфликти во еден човек. Некои, како Стајнер, ја гледаат слободата само во смисла на односи меѓу луѓето. Други, меѓутоа, сакаат да го прошират полето на дејствување на пречките штоја ограничуваат слободата и на пречките со кои една личност може да биде соочена, и во терминот ги вклучуваат и оние што произлегуваат од ,внатрешните' карактеристики или предиспозиции. Да претпоставиме дека сум бил доволно несреќен да страдам од агарофобија. Никој друг не е одговорен за мојата состојба - не ми ја наметнал никој, иако другите можеби можат да ми помогнат да ја надминам. Ако речеме дека мојата слобода би била зголемена со отстранувањето на оваа фобија, прифаќаме дека слободата може да означува нешто што се наоѓа во поединецот. Ако, од друга страна, поимот слобода го ограничиме само на случаи на односи меѓу две или повеќе лица, би можеле да речеме дека сум слободен да одам на отворен простор, но очигледно психолошки неспособен да се натерам себеси да го сторам тоа.

Третиот проблем е односот меѓу слободата и ресурсите. За да може да постигнат некои цели, или да се извршат некои дела, луѓето бараат пристап до компонентите на акција - најосновно простор и (.....)

плурализам (pluralism)
Буквално, верување во повеќе од еден ентитет или тенденција да се биде или да се прави повеќе од една работа. Ова буквално значење им е заедничко на сите политички и социјални примени на овој поим, но тој се применува во контексти што се толку различни што изгледа како да станува збор за поими со различно значење. Најчесто плурализмот се употребувал со значење на тенденција на луѓето да имаат повеќе од една работа, најкарактеристично во контекст на предреформната Католичка црква. Во доцниот деветнаесетти век, плурализмот се применуваше на философските теории или системи на мисла кои признаваа повеќе од еден краен принцип, наспроти оние што беа ,монистички'. Истовремено, овој термин почна да се употребува во Соединетите Американски Држави со значење дека земјата може легитимно да биде формирана од различни етнички групи, како Американци со еврејско потекло, Американци со ирско потекло, и така натаму, место сите разлики да се ,стопат'.

Сите овие употреби имаат барем некакво влијание врз современото значење, според кое плуралистичкиот модел на општество е оној во кој постоењето на групи е иолитичка основа на општеството. Плуралистите во оваа смисла се спротивни на *елитистите затоа што припадноста на одредени заедници, трговски друштва, доброволни здруженија, цркви и слични организации ја сметаат за поважна од разликувањето на владејачка и владеана класа: вертикалните поделби во општеството се поважни од хоризонталните.

Гласник на ваквиот вид плурализам е Ф. Р. де Ламне, уредник на списанието Лавнир во Франција на почетокот од деветнаесеттиот век. Ламне ги наиадна и индивидуализмот и универзализмот на *просветителството и револуцијата. Според него, поединецот ,е само сенка' и не може да се рече дека воопшто постои освен како дел од една или повеќе групи. И Ламне и модерните плуралисти, во кои спаѓаат такви истакнати американски мислители како што се Роберт Дал и Нелсон Полсби, веруваат дека општеството во основа се состои од групи, а политичкиот живот претставува натпревар меѓу групите за влијание, и дека ваквата состојба на нештата е добра. Така, плурализмот често е релативно конзервативна доктрина, барем во однос на марксизмот или радикалната демократска теорија, кои го опишуваат општеството како доминација на елита над неелита, а не како натпревар меѓу групи.

правда (justice)
Постоењето на соодветна рамнотежа. Законската правда ја илустрира примената на поимот соодветна рамнотежа: фер судење, кое, меѓу другото, постигнува соодветна рамнотежа меѓу способноста на обвинетиот да ја докаже својата невиност и способноста на обвинителството да ја докаже неговата/нејзината вина. Во политичката теорија, правдата се однесува и на условите за припадност кон социјална група (види социјална правда) и дистрибуцијата на добивките и одговорностите во рамки на таа група (види дистрибутивна правда). Во легален контекст, дистрибуцијата некогаш се споредува со компензација, со враќање на соодветната рамнотежа што постоела пред да се нанесе неправда. Во Држава, Платон претставува слика на праведно општество како она општество во кое различни општествени функции се распоредени на соодветни општествени групи, со што се покажува тенденција правдата да се асимилира со постигнување на општо добро. Оваа асимилација ја прави правдата главна доблест на политичкиот поредок, но отфрлена е од оние, кои, на пример, размислуваат колку е праведно едно општество како само еден од мноштвото водичи кон посакувањето на живот во него.

еднаквост (equality)
Фактичка и/ли нормативна афирмација на еднаков капацитет и еднакви шанси меѓу луѓето, и афирмирање на *дистрибутивна правда. Квази-емпириската еднаковст меѓу поединците може да се однесува на сличните физички карактеристики - како што е гледиштето на *Хобс за еднаквата природна несигурност на луѓето - или на менталните способности, како рационалност или капацитет за моралност. Нормативната афирмација вклучува четири главни ,примени' што не можат сосема да се одделат:
(1)
Еднаков третман во темата на (морално) донесување одлуки. Во оваа смисла, еднаквиот третман се однесува на тоа луѓето да бидат земени предвид под еднакви услови. Ова е основната но и најслабата концепција на еднаквоста: целта може да биде идентификување заради нееднаква дистрибуција.
(2) Праведен третман.
Овде еднаквиот третман се однесува на барањето слични случаи да се третираат слично. Ова не секогаш доведува до еднакви последици.
(3) Еднаква дистрибуција. Гледиштето дека еднаквиот третман значи секој да добие еднаква количина од нешто. Таквите гледишта се чинат најубедливи кога нема информации за вклучените околности или лица.
(4) Еднаквос
т во
Последиците. Тврдењето дека еднаквиот третман треба да доведе до тоа сите да се најдат во исти услови, при што се зема предвид ситуацијата пред дистрибуцијата и се приспособува количината на она што се дистрибуира да биде за секого еднаква. Ова може да се спореди со *еднакви можности, што претставува барање луѓето да располагаат со еднакви шанси при натпреварот за добивање на некоја стока.

одговорност (accountability)
Барањето претставниците да одговараат пред оние кои ги претставуваат за тоа како ја користат својата власт и како ги спроведуваат своите обврски, и од нив се очекува да ја преземат одговорноста за (не)успех или (не)компетентност. Пратениците одговараат за давањето или недавањето свој глас за некој закон, претставниците на владата одговараат за своите постапки пред парламентот и пред гласачите.

јавен интерес (pubilc interest)
(1) Заеднички интерес на луѓето како дел од јавноста;
(2) Збир на индивидуални интереси на лица што се под влијание на некоја политика.

Меѓу овие две формулации постои очигледна спротивност бидејќи постои дистинкција меѓу заеднички интерес и збир од индивидуални интереси. Заеднички интерес е интерес што го делат сите засегнати, додека збирот од индивидуални интереси зависи од балансираната проценка на позицијата на поединците земени во изолација. Јавниот интерес е предмет на три различни видови скептицизам. Прво, се тврди дека не може да се даде кохерентно објаснување на значењето на овој термин. Второ, се тврди дека дури и да се даде такво објаснување, во практика невозможно е да се идентификува каде лежи јавниот интерес, да се знае која политика ги задоволува дадените услови. Трето, политичката скепса се сомнева дека институциите и активностите на модерната политика воопшто сакаат да го задоволат јавниот интерес. Теоријата на *јавен избор во голема мера придонесе за засилување на политичкиот скептицизам. Првата формулацја на јавниот избор штоја дадовме се однесува на припадниците на јавноста. Јавноста е група од неспецифични лица: на пример, една продавница може да продава алкохол секому, наспроти приватен клуб, кој има дозвола да им продава алкохол само на неговите членови и гости. Во оваа смисла, поединците кои ја сочинуваат јавноста се неспецифични - секој е дел од неа. Но, членовите на релевантната јавност кога станува збор за случаи од јавен интерес зависи од контекстот. На пример, постои јавен интерес за безбедноста на аеродромите или за безбедноста на стадионите. Иако групата лица што ги користи аеродромите може да се поклопува во извесна мера со групата лица што оди на спортски натпревари, овие две групи сепак можат да бидат и различни. Сепак, идејата зајавноста се однесува на која било група поединци, со оглед на тоа дека секој може да стане жртва, на, да речеме, киднапиран авион или бркотница на стадион. Првата формулација претпоставува дека луѓето може да имаат заеднички интерес кога се сметаат за потенцијални членови на неспецифична група, без оглед на нивните индивидуални позиции или приватни интереси. На пример, личност која никогаш не ги користела аеродромите може своето искуство да го стави настрана и да се заангажира за преземање мерки на безбедност на аеродромите кои таа би сакала да бидат преземени доколку е припадник на релевантната јавност. Овој начин на посматрање на јавниот интерес е близок со концептот на *Русо за *општата волја. Втората формулација може да се смета за пристапот на *загубадобивка кон јавниот интерес. Оние кои ја застапуваат оваа верзија одрекуваат дека постои кохерентност или корист од првата формулација, и тврдат дека интересот на јавноста не може да биде нешто друго туку збир од интересите на засегнатите поединци, земени во конкретни услови. Така, прашањето за тоа дали некој закон е од јавен интерес се решава со проценка на потенцијалните добивки и загуби што се предвидува дека би следеле од неговото усвојување.