|
Во овој текст се говори за
проблемите со кои секоја
демократија мора да се
конфронтира. Слично како во
нашето семејство, нештата се
одвиваат и во демократската
држава. Идеалнта слика поаѓа од
односот помеѓу бирачот и
избраниот, и тоа однос кој
функционира. Тоа е однос кој е
менлив, така што групите се
потребни една на друга. Но и овде
постојат отстапувања од
идеалната слика. Од време на време
доаѓа до случај кога избраните
едноставно не се придржуваат на
законот или договорот. Со тоа тие
ги разочаруваат своите бирачи.
Кај бирачите тогаш се создава
впечаток дека тие немаат никакво
влијание на избраните, а со самото
тоа и никакво влијание на
политиката.
Исто така политичарите кои не се
држат до договореното и кои не ги
почитуваат законите, кои
дозволуваат да бидат подмитени,
работат само на својата сопствена
предност, а не во интересот на
бирачите, тие политичари
предизвикуваат недоверливост кај
народот (има луѓе кои сите
политичари ги сметаат за арамии).
Така може да се случи делови на
населението да престанат да се
интересираат за политика, да
престанат да одат на избори и
престанат со своите политички
ангажмани. Во ваквите случаи се
зборува за неволност
или отсаство на волја или
незаинтересираност за политика.
Меѓутоа, дамократијата не може да
функционира задоволувачки ако не
е исполнет условот за
партиципација на граѓаните.
Меѓутоа, од тоа не произлегуваат
само проблеми за избраните
застапници, туку и за бирачите,
односно за оние кои не
учествувале на изборите. Тие не
можат да учествуваат ни во
донесувањето на одлуките. Со тоа
тие сигурно нема да бидат
позадоволни отколку порано.
Кратко речено: институциите и
правилата во демократијата
мораат да бидат поставени така
што на граѓаните нема само да им
биде овозможено учество, туку тоа
учество и да им се олесни. А
граѓаните самите треба да ја
искористат оваа можност. Тоа не
може да им го надомести некаква
рафинирана конструкција на
демократија.
|