Дома | Информатор | Настани | Форум | Линкови









10 тетратки за демократија

Информатор

Настани

10 тетратки за демократија

Вклучени лица

НВО Партнери

Календар

Форум

Архива на текстови

Временска линија

Цитати

Мапа на региони

Линкови
 

 

 

 

 

































































Дизајн и концепт: 
Кома лаб.

Дефиниција за демократијата

Можеби зборот "демократија" им е познат на повеќето луѓе, но тој поим се' уште погрешно се сфаќа и се употребува во време кога некои тоталитарни режими и воени диктатури подеднакво се обидуваат да обезбедат општонародна поддршка прилепувајќи си демократска етикета. Но, силата на демократската идеја е поттикнувач на едни од најдлабоките и најимпресивни изрази на човековата волја и ум во историјата: од Перикле во античка Атина до Вацлав Хавел во Чехословачка, од Декларацијата за независност на Томас Џеферсон во 1776 година до последните говори на Анреј Сахаоров во 1989 година.

Според дефиницијата во речениците, "демократија е власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем”. Според дефиницијата на Абрахам Линколн, "демократијата е власт на народот, од народот и за народот”.

Честопати зборовите "слобода" и "демократија" се употребуваат во едно исто значење, иако не се синоними. Демократијата навистина е збир од идеи и принципи во врска со слободата, но таа исто така се состои и од збир на практични акти и процедури коишто се формирале во текот на една долга, честопати искривувана историја. Накусо, демократијата е инстутиционализација на слободата. Затоа е возможно да се идентификуваат историски проверените темели на уставната власт, на човековите права и на еднаквоста пред законот, коишто секое општество мора да ги поседува за да може со право да се нарече демократско.

Во констелација со претходното треба да се земе предвид дека очигледното ширење на слободата во последната деценија не значи дека е постигнат и конечен успех. Честер Е. Фин, професор по педагогија и јавна политика на Вандербиловиот универзитет и директор на мрежата Едуцатионал Еџцелленце Нетњорк, пред една група професори и државни функционери во Манагва, Никарагва, забележа: “Може да се прифати како несомнен фактот дека луѓето повеќе ја сакаат слободата од угнетувањето. Но, тоа не е исто како да кажеш дека може де се очекува демократскиот политички систем сам да се воспостави ќе се одржува со тек на време. Напротив. Идејата за демократијата е трајна, но практиката е несигурна.”

Можеби денес демократските идеи доживуваат преродба, но погледнати во текот на долгата човекова историја, почнувајќи од Француската револуција кон крајот на осумнаесеттиот век, до појавата на еднопартиските режими околу средината на дваесеттиот век, имало мал број демократски општества и голем дел од нив биле краткотрајни. Овој факт не треба да предизвика ни песимизам ни страв; напротив, треба да послужи како предизвик. Иако, можеби желбата за слобода е вродена, практиката на демократијата мора да се учи. Дали стожерот на историјата и натаму ќе ги отвора вратите на слободата и на можностите, зависи од преданоста и колективната мудрост на народот, а не од некои челични закони на историјата, и сигурно не од замислената благонаклонетост на самопрогласените водачи.

СТОЛБОВИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Столбови на демократијата се:

l сувереност на народот;

l власт заснована врз согласноста на владеаните;

l владеење на мнозинството;

l права на малцинствата;

l гаранции за основните човекови права;

l слободни и праведни избори;

l еднаквост пред законот;

l соодветна законска постапка;

l уставни ограничувања на власта;

l општествен, економски и политички плурализам;

l вредности на толеранција, прагматизам, соработка и компромис.

Демократско општество

Демократијата е нешто повеќе од обичен збир на уставни прописи и процедури коишто определуваат како функционира власта. Во демократијата, власта е само еден елемент што постои непосредно во општественото ткиво на голем број разновидни институции, политички партии, организации и здруженија. Оваа разновидност се вика плурализам, што значи дека многуте организирани групи и институции во демократското општество не зависат од власта во поглед на своето постоење, легитимност или овластувања.

Во демократското општество функционираат илјадници организации од приватниот сектор, невладини организации, некои локални, некои на ниво на целата земја. Голем број од нив играат улога на посредник меѓу поединците и комплексните општествени и државни институции чиј дел се самите, пополнувајќи ги улогите што не и' се дадени на држаната и давајќи им можност на поединците да ги остваруваат своите права и одговорности како граѓани на демократско општество.
Овие групи на различен начин ги застапуваат интересите на своите членови - поддржуваат кандидати за јавни функции, расправаат за разни прашања, се обидуваат да влијаат врз политичките одлуки. Преку овие групи, поединците имаат пат за целисходно учество и во власта и во своите заедници.

Постојат голем број најразновидни примери: доброволни организации и цркви, еколошки локални групи, деловни здруженија, невладини организации и синдикати.
Во авторитарно општество практично сите вакви организации се под контрола, им се издаваат одобренија, се надгледуваат или на некој друг начин се одговорни пред власта. Во демократијата, моќта на власта со закон е јасно дефинирана и прецизно е ограничена. Како резултат на тоа, приватните организации се ослободени од контролата на власта; напротив, голем број од нив лобираат на власта и се трудат таа да биде одговорна за своите постапки. Други групи, на пример, некои што се поврзани со уметноста, со верската исповед, со научните истражување и со разни други интереси, свесно можат да остваруваат малку или никакви контакти со власта.

Во овие активни приватни сфери на демократското општество, граѓаните имаат прилика да ги истражуваат можностите на слободата и одговорностите на самоуправата - без притисок од потенцијално тешката рака на државата.

[Текстот е преземен од "Легитима"
информатор на граѓанинот бр. 6, издадена од "Јурист и партнери" Скопје.]