|
Демократијата
е најлошата форма на државата
доколку ги иземеме сите
останати.
(Винстон Черчил)
|
|

|
|
Диктатурите
се еднонасочни улици. Во
демократијата е дозволен
сообраќај во двата правца.
(Алберто Моравија) |
|

|
|
Човековата
смисла за праведност ја прави
демократијата можна.
Неговата склоност кон
неправедност ја прави
демократијата неопходна.
(Reinhold Niebuhr)
|
|

|
|
Демократијата
е процес кој ни гарантира
дека со нас нема да владеат
подобро од тоа што го
заслужуваме.
(Џорџ Бернар Шо)
|
|

|
|
Духот на
демократијата не може да се
наметне однадвор. Тој мора да
израсне од внатрешноста на
народот.
(Махатма Ганди) |
|

|
|
Со
мирот и редот демократијата
може да биде оштетена исто
како и со немирот и нередот.
(Hildegard Hamm-Brucher)
|
|

|
|
Демократија значи
да се има избор. Диктатура
значи да бидеш ставен пред
изборот.
(Jeannine Luczak) |
|

|
|
Највисоката
мерка на демократија не значи
највисока мерка на слобода,
ниту највисока мерка на
учество.
(A. d. Benoist)
|
|

|
|
Демократија
е нашето највредно добро.
Нејзиното одржување е воедно
и задача и обврска. Тоа значи
постојано, решително,
самосвесно преиспитување,
тежнеење и труд да се
постигнат компромиси и траен
консензус. Ова се основните
услови на единствениот
политички ред кој може да ја
гарантира слободата.
(Wolfgang Thierse, Претседател на
германскиот Сојузен
парламент)
|
|

|
|
Под
поимот демократија јас
подразбирам еднакви шанси,
како за најслабиот, така и за
најсилниот.
(Махатма Ганди)
|
|

|
|
Демократските
установи се карантин за
копнежот кон тиранија.
(Friedrich Nietzsche)
|
|

|
|
Оној
што во својата земја сака да
воспостави демократија, не
треба да чека на дозвола за
тоа.
(Brulent Ecevit)
|
|

|
|
Прашањето
"Кој треба да владее?"
погрешно е поставено. Доволно
е ако лошата влада може да се
отповика. Тоа е демократија.
(Karl Popper)
|
 |
Должност
е
на
секој
граѓанин,
според
своите
капацитети,
да
даде
легитимитет
на
сопствените
убедувања
во
политичките
работи.
(Алберт
Ајнштајн) |
 |
|
 |
|
Демократијата
не значи: "Јас сум
подеднакво добар како и ти",
туку "Ти си подеднакво
добар како мене".
(Теодор Паркер)
|
|

|
|
Демократот не
треба да верува дека
мнозинството секогаш ќе
донесе мудра одлука. Она во
што треба да верува е дека
одлуката на мнозинството -
паметна или не - мора да се
прифати, сè додека
мнозинството не донесе
некоја друга одлука.
(Bertrand Russell) |
|

|
|
Демократијата
не прави силна врска меѓу
луѓето. Меѓутоа таа им го
олеснува меѓусебниот однос.
(Alexis de Tocqueville)
|
|

|
|
Дека
преку избраните демократи
може да се проектира волјата
на народот, само е привид. Но,
доколку тоа претставува обид
прашањата на различните
интересни групи наместо со
пиштол и нож да се решат со
гласање, тогаш тоа е похумана
и почовечка постапка.
(Robert Musil)
|
|

|
|
Демократијата
значи: почитување на
правилата на игра, дури и
тогаш кога судијата не е тука.
(Manfred Hausmann) |
|

|
|
Правната
држава е како нашиот
секојдневен леб, како водата
што ја пиеме и воздухот што го
дишеме, а најдоброто во
демократијата е тоа што таа е
единствената која може да ја
осигура правната држава.
(Gustav Radbruch)
|
|

|
|
Ниту едно
општество не може да се
присили на демократија, тоа
не е подарок кој еднаш се
добива и се задржува за сите
времиња. За неа мора
секојдневно да се бориме и да
ја браниме.
(Heinz Galinski)
|
|

|
|
Демократијата
значи донесување на одлука од
оние на кои таа одлука се
однесува.
(Carl Friedrich von Weizsacker)
|
|

|
|
Животот во слобода
не е лесен, а демократијата
никогаш не е потполна.
(Џон Ф. Кенеди)
|
|

|
|
Таму
каде што слободата сама ги
води своите работи, таа
станува демократија.
(John Dos Passos)
|
|

|
|
Демократијата
живее од спорот помеѓу две
странки, од дискусијата за да
се пронајде вистинскиот пат.
Заради тоа во демократија
спаѓа почитување на
мислењето на другиот.
(Richard von Weizsacker)
|
|

|
|
Демократијата
не трча, но таа посигурно
стигнува до целта.
(Johann Wolfgang von Goethe)
|
 |
|
|