Дома | Информатор | Настани | Форум | Линкови









10 тетратки за демократија

Информатор

Настани

10 тетратки за демократија

Вклучени лица

НВО Партнери

Календар

Форум

Архива на текстови

Временска линија

Цитати

Мапа на региони

Линкови
 
info@demokratija.org.mk

























































































Дизајн и концепт: 
Кома лаб.

ДЕМОКРАТИЈА? Никако без МЕНЕ!
информирај се! приклучи се! придонеси!

Човечката способност за правда ја прави демократијата можна, додека човечката склоност кон неправда ја прави неопходна.

Раинхард Неибур

Што е демократија?

Живеењето во заедница (семејство, соседство, работна организација, нација, држава) подразбира донесување одлуки во името на целата заедница. Овие одлуки се колективни, за разлика од индивидуалните одлуки, што луѓето ги носат само во свое име. Демократијата & припаѓа на сферата на колективното одлучување. Таа го олицетворува идеалот дека одлуките што влијаат на заедницата како целина, треба да ги донесуваат сите членови на заедницата, како и и тоа дека сите треба да имаат еднакви права да учествуваат во донесувањето на одлуките. Со други зборови, демократијата подразбира две поврзани начела: (1) јавна контрола над колективните донесувања одлуки и (2) еднаквост на правото во применувањето на таа контрола. Некоја заедница можеме да ја сметаме за демократска во онаа мера во која тие начела се спроведуваат при донесувањето одлуки.

Што е “Школа за демократија”?

Сакаме да го зајакнуваме и создаваме индивидуалното и колективното активно демократско однесување.
Преку едукација и тренинг ќе ги издигнуваме свесноста, знаењето и разбирањето на НВО и на граѓаните во локалните заедници, со цел за понатамошен развој и зацврстување на постоечките капацитети на цивилното општество во Македонија.
Проектот има три дела: Тренинг, Едукација и Кампања.

Производи на проектот:
- Јадро од 10 инструктори кои ќе ги тренираат цивилните едукатори
- Едуцирани 100 НВО активисти
- Прирачник за цивилни едукатори
- Методологија за испитување
- Печатење и дистибуција на брошури за демократија
- Зголемен број на информирани граѓани со подобро разбирање и перцепција на демократијата
- “Демократометри” – локални цивилни платформи во 10 региони во Македонија (Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Битола, Велес, Штип, Струмица, Скопје)
- Зајакнување на ДОСТА Е – мрежа за граѓанска акција
- Веб сајт за демократија, со можност за интерактивен однос со граѓаните www.demokratija.org.mk


Зошто “Школа за демократија”?

“Манифестацијата на ветрот на мислите не е знаењето; тоа е способноста да го разлачиме исправното од погрешното, убавото од грдото. И тоа е она што може да ја спречи катастрофата, барем за мене, во ретките моменти кога се достигнува критичната точка.”

(од книгата на Хана Арент, Thinking and Moral Considerations; A Lecture)


Не само заради транзиционите проблеми кои траат веќе десетина години, и не само заради економската криза која ја придружува делумно хаотичната транзиција, и не само заради вооружениот конфликт што ни се случи во 2001 година - прашањето на демократијата во Македонија има исклучителна важност. Многу нешта почнуваат од тоа прашање (меѓу другото, и тие што ги истакнавме погоре), и многу нешта се слеваат во тоа прашање. Проценуваме дека во моментов тоа е едно од најважните општествени прашања, и затоа решивме да му пријдеме “одоздола”, пофундаментално и едукативно, низ концептот “Школа за демократија”.

Што сакаме?

Тргнуваме од потребата да се обноват начелата што ја обединуваат заедницата. Но, едновремено инсистираме на создавањето на нови интегративни начела. Токму демократијата ја сфаќаме како еден од клучните обединувачки општествени принципи.
Се разбира, демократскиот пресврт нема да падне од небо ниту ќе се случи преку ноќ. Потребно е луѓето да ги едуцираме за демократија.
Како што вели Дјуи (големиот американски филозоф кој сметаше дека најсуштинското прашање за сите нас е прашањето на моралниот карактер на животот во заедницата): “демократијата е идеја за самиот живот на заедницата”. “...Бидејќи секој начин на живот кој потфрла во својата демократија ги ограничува контактите, размената, комуникациите и интеракциите со помошна кои се стабилизира, проширува и збогатува искуството. Секојдневна е задачата на ова ослободување и збогатување. Со оглед на тоа, задача на демократијата е постојано да создава послободно и похумано искуство коешто го делат сите и кон кое сите придонесуваат.”

Клучните зборови

Седумте најважни зборови што сакаме да ги истакнеме во кампањата за демократија се: слобода, интегративност, плурализам, одговорност, јавност, рамноправност и правда.
Низ афирмацијата на овие зборови, всушност низ вредностите што тие ги олицетворуваат, ние ги разбираме најсуштинските начела врз кои (треба да) се гради секое општество.

СЛОБОДА
Историјата на слободата е историја на отпорот. Историјата на слободата е историја на ограничување на моќта на владетелите.
Т. М. Вилсон

ОДГОВОРНОСТ
Владеењето на мнозинството, само како владеење на мнозинството, е будалесто, токму како што тврдат неговите критичари. Но тоа никогаш не е само владеење на мнозинството... Начините на кои мнозинството постигнува да биде мнозинство имаат клучна важност: потребни се претходни дебати и модификации на стојалиштата за да им се излезе во пресрет на малцинствата... Со други зборови, повеќе од неопходно е да се подобрат методите и условите за дебати, дискусии и расправи.
Џон Дјуи

ПРАВДА
Секој човек поседува неповредливост која е заснована во правдата.
Џон Ролс

РАМНОПРАВНОСТ
На богатството ние не му даваме никаква посебна моќ; гласот на сиромавиот има авторитет.
Атински граѓанин во една од драмите на Еврипид, пред речиси 2500 години

ЈАВНОСТ
Кога би морал да решавам дали е подобро да се има влада без весници, или весници без влада, ниту еден момент не би се двоумел да го изберам второво.
Томас Џеферсон, 1787

ИНТЕГРАТИВОСТ
Под поимот демократијата јас подразбирам еднакви шанси, како за најслабиот, така и за најсилниот.
(Махатма Ганди)

ПЛУРАЛИЗАМ
Достоинството на човекот се состои од неговата можност да избере.
Макс Фриш