Нашиот
проект сака да го зајакнува и
создава индивидуалното и
колективното активно демократско
однесување.
Преку едукација и тренинг за
демократија, ќе ги издигнуваме
свесноста, знаењето и разбирањето
на невладините организации и
граѓаните во локалните заедници,
со цел за понатамошен развој и
зацврстување на постоечките
капацитети на цивилното општество
во Македонија.
Проектот има три дела: Тренинг,
Едукација и Кампања.
Производинапроектот:
- Јадро од 10
инструктори кои ќе ги тренираат
цивилните едукатори
- Едуцирани
и тренирани 100 НВО активисти
- Прирачник
за тренирање на цивилни едукатори
- Методологија
за испитување
- Печатење и
дистибуција на брошури за
демократија
- Зголемен
број на информирани граѓани со
подобро разбирање и перцепција на
демократијата
- "Демократометри"
– локални цивилни платформи во 10
региони во Македонија
- Зајакнување
на ДОСТА Е – мрежа за граѓанска
акција
- Веб сајт за демократија,
извештаи за злоупотреба на власта
и злоупотреба на службена должност
на органите на владата и органите
на локалната самоуправа, како и за
повреди на граѓански права и
слободи.