Тргнуваме од
потребата да се обноват начелата
што ја обединуваат заедницата. Но,
едновремено инсистираме на
создавањето на нови интегративни
начела. Токму демократијата ја
сфаќаме како еден од клучните
обединувачки општествени принципи.
Се разбира, демократскиот пресврт
нема да падне од небо ниту ќе се
случи преку ноќ. Потребно е луѓето
да ги едуцираме за демократија.
Како што вели Дјуи (големиот
американски филозоф кој сметаше
дека најсуштинското прашање за
сите нас е прашањето на моралниот
карактер на животот во заедницата):
"демократијата е идеја за самиот
живот на заедницата". "...Бидејќи
секој начин на живот кој потфрла во
својата демократија ги ограничува
контактите, размената,
комуникациите и интеракциите со
помош на кои се стабилизира,
проширува и збогатува искуството.
Секојдневна е задачата на ова
ослободување и збогатување. Со
оглед на тоа, задача на
демократијата е постојано да
создава послободно и похумано
искуство коешто го делат сите и кон
кое сите придонесуваат."