|
|

|

 |
|
"Манифестацијата
на ветрот на мислите не е знаењето;
тоа е способноста да го разлачиме
исправното од погрешното, убавото
од грдото. И тоа е она што може да ја
спречи катастрофата, барем за мене,
во ретките моменти кога се
достигнува критичната точка."
(од книгата на Хана Арент, Thinking
and Moral Considerations; A Lecture)
Не само заради транзиционите
проблеми кои траат веќе десетина
години, и не само заради
економската криза која ја
придружува делумно хаотичната
транзиција, и не само заради
вооружениот конфликт што ни се
случи во 2001 година - прашањето на
демократијата во Македонија има
исклучителна важност. Многу нешта
почнуваат од тоа прашање (меѓу
другото, и тие што ги истакнавме
погоре), и многу нешта се слеваат во
тоа прашање. Проценуваме дека во
моментов тоа е едно од најважните
општествени прашања, и затоа
решивме да му пријдеме "одоздола",
пофундаментално и едукативно, низ
концептот 'Школа за демократија'. |
 |

|
|

|
|
|
|
|